LOTUS DESIGN е бренд на реномираната компанија Ѕвезда Комерц. Производствениот погон во склопот на оваа компанија успешно работи и се развива од 2008 година. Произведуваме софистициран мебел за бањи и кујни.
 
НЕКОИ ОД НАШИТЕ КОНКУРЕНТСКИ ПРЕДНОСТИ:
 
  • квалитетни производи по конкурентски цени
  • висок стандард во производствениот процес
  • постојан контакт и грижа за нашите клиенти
ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

Ние користиме висококвалитетен медијапан, внимателно избран од докажани фабрики од областа на дрвната индустријата. Нашиот производствен процес е проследен со внимателни контроли при секоја фаза на изработка, а нашите вработени се насочени кон проверка на секој произведен мебел. 

Ние веруваме дека развојот на нашата компанија зависи од тимот на вработени и нивната способност да ги постигнат на време поставените цели и затоа постојано вложуваме во нивно усовршување.

Неуморно работиме на проширувањето на нашата мрежа и имаме за цел секоја година да претставуваме на пазарот нова линија на мебел за бањи.
" Нашата визија е да го зголемиме комфорот и уметноста на живеењето на нашите клиенти"
ПОТРЕБНА ВИ Е ПОМОШ ЗА ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКОТО ПАРЧЕ МЕБЕЛ ЗА ВАШАТА БАЊА?
ТУКА СМЕ ЗА ВАС