За нас

Периоди на развој на компанијата

2008-2011 Се произведени првите модели на мебел за бањи со класичен изглед.

2011-2014 Колекцијата се зголемува со модели со закривени врати и со по софистициран моден изглед

2014-2016 Стартува производство на софистициран кујнски мебел како и производство на модерни модели со вградени рачки.

2019 - Нова колекција од 23 нови модели е креирана, од кои најнов новитет се ексклузивните линии и користењето на внатрешни механизми за отварање и затварање на вратите од висок квалитет.

Мисија

Целта на Lotus Design е да креира мебел кој предизвикува комплетно задоволство и безбедност помеѓу потрошувачите. Ние сакаме секој кој ќе купи од нашиот мебел да биде сигурен дека избрал високо квалитетен производ со најдобрите атрибути - квалитетни механизми, австриски медијапан, полиуретантни бои по сопствен избор како и висок квалитет на изработка.

Наша цел е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и да се зацврстиме како бренд на пазарот во нашата земја и во странство.

ЛОТУС ДИЗАЈН

ЗОШТО СМЕ ПОРАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ?

Во овие динамични времиња кога пазарот е екстремно динамичен и исполнет со секаков квалитет и краткотраен мебел, ние решивме да се развиваме на патеката кон целосен квалитет кој ја оправдува нашата цена и цел.

Ние произведуваме мебел кој е комплетно изработен од MDF и со гарантиран квалитет кој не се разликува од другите.

MDF

ЗОШТО КОМПЛЕТНО СО MDF?

MDF е цврст и пресуван материјал кој не пропушта вода. Во производствениот процес се процесира во три последователни фази:


1-ва фаза-стругање и фарбање со изолатор за да се затворат порите на материјалот.

2- ра фаза повторно стругање и фарбање со основа за да се добие боја.

3-та фаза фарбање со полиуретански бои.

Полиуретанските бои водено се отпорна пластика во течна форма и најчесто се употребуваат за заштита на дрвени површини.

Нивните главни состојки се киселини добиени од природни масла, хемиски смеси со база на азот, зацврстувачи и минерални растворувачи кои се основа за подршка за други компоненти.

Зошто да купите мебел Lotus Design?

Вие купувате производ направен од квалитетен материјал, избирате боја според вашиот вкус и добивате 5 - годишна гаранција, позади која стојат многугодишните искуства и професионалниот тим на нашата компанија.